GreekEnglish (United Kingdom)French (Fr)Italian (It)

(НЕ)ГРИЖА ЗА KУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ГРЦИЈА

Храм на Афродита бетониран во срцето на Солун

Скриен од метални конструкции и огради, на североисточниот дел од плоштадот се крие уникатно богатство, добро скриено со векови

Чудесна тајна, исклучителен споменик на културата лежи во срцето на Солун, на плоштадот Антигонидон. Скриен од метални конструкции и огради, на североисточниот дел од плоштадот се крие уникатно богатство, добро скриено со векови. Убавиот храм на Афродита бил изграден во 6 пред новата ера, религиозен комплекс, на кој денес се наоѓа плоштадот Антигонидон.

„Во секој друг агол во светот, веста за вакво богатство ќе ги мобилизира богатите луѓе и граѓаните да направат нешто за споменикот. За жал, неверојатната историска вредност на овој споменик е во опасност бидејќи се наоѓа на имот на кој треба да бидат изградени апартмани. Храмот треба да стане основа за новата зграда, иако соседите негодуваат“, пишуваат грчките медиуми.

Скриени од очите на луѓето, заградени со ѕидови, лежат видливите остатоци од античкиот храм. Тоа што с` уште може да се види од старата градба е во сендвич од модерните објекти. Случајни минувачи воопшто нема да забележат дека тука има дел од културно наследство. Дел од храмот е обвиен со бујна вегетација и лежи речиси заборавен во модерниот град.

Столбови од 7 метри

Храмот на Афродита е од доцното архајско време, 200 години постар од Партенон. Бил изграден во чест на божицата на љубовта. Подоцна, во римскиот период, бил преместен на друга локација, свето место, каде што биле концентрирани повеќе храмови и светилишта.

Оттогаш таму останал, како дел од античките остатоци на Солун. Денес е дел од општината на Термаикос, кај градскиот плоштад Антигонидон.

Храмот е типичен пример на јонскиот стил во архитектурата која била обележје на античка Грција во 6 и во 5 век пред новата ера. Рака на срце, не сите елементи од објектот се оставени во заборав. Некои од архитектонските обележја и артефакти се изложени во Археолошкиот музеј во Солун.

Храмот првпат бил археолошки ископуван во 1936 година. Полека отпаднал од мапата на приоритети. Се случила инвазијата и деструкцијата од нацистичката окупација, а следувал и интензивниот повоен урбанистички развој. Во 2000 година ископувањата биле обновени, додека била уривана станбената зграда која ги покривала остатоците од храмот. Тогаш бил откриен храмот, грчко-римските скулптури и архитектонските фрагменти, кои денес се изложени во Музејот. Во проектот за спас на Храмот на Афродита пишува:

- Столбовите на храмот се високи седум метри и реално не може да бидат изложени во музејски сали ако сакаме да ја прикажеме нивната реална височина.

Светско културно наследство

Споменикот е национално богатство и им припаѓа на идните генерации. Тој е една од ретките атракции во Солун од архајскиот период.

- Во време кога нашата земја се потпира на тешка индустрија и на туризам, корумпираните политичари не се грижат да го спасат едно од најголемите богатства на антиката. Храмот би привлекол многу туристи што го посетуваат вториот по големина град во Грција - пишуваат медиумите.

Подготви Весна И. Илиевска

Πηγή: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8EF77367ECDBC6409F081930AECD2DE4

filoi-prasinou

greenwave-2013

Μετάφραση Google

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterΣήμερα19
mod_vvisit_counterΕβδομαδιαία2547
mod_vvisit_counterΜηνιαία4107
mod_vvisit_counterΣυνολικά1452772

Ποιοί είναι Online

Έχουμε 10 επισκέπτες συνδεδεμένους